Мултикултурен шампион доби одликување од премиерот на НЈВ

Во Сиднеј, во салата „Гранд павилјон” во Росхил Гарденс се одржа свечена вечера со премиерот на НЈВ, наречена “Premier’s Harmony Dinner”. Пред импресивна бројка од 1400 гости, настапи македонското културно уметничко друштво „Илинден” од Рокдаел, кое ги одушеви присутните со својот настап и со прекрасните македонски народни носии.

На настанот покрај премиерот на НЈВ, г-от Мајк Бирд, присутни беа министерот за мултикултура Џон Аџака, заменик министерот за мултикултурни работи Креиг Лонди, како и министерот без ресор Виктор Доминело и други истакнати личности.
Џереми Џонс, член на еврејската заедница во Сиднеј, кој повеќе од 40 години работи на промовирање на мултикултурниот и меѓуверскиот дијалог ја доби највисоката награда од премиерот наречена “AO Harmony Award”.
Доделувајќи ја наградата премиерот Мајк Бирд изјави “Господин Џонс покажа посветеност во градење на мостови меѓу различните заедници и религиозни групи во нашето мултикултурно општество. Тој е добитник на австралиски медал за човекови права за неговото дело против расизмот во 2007 година и е заслужен добитник на највисоката награда вечерва.
Исто така би сакал да им честитам на сите добитници на медали од Мултикултурна заедница за нивната работа да се задржи нашето општество мирно и хармонично.”

Останати вести