Парламентарците во парламентот на конзервативната партијата се закануваат дека ќе ја поттикнат кралската комисија да покрене истрага во банкарскиот сектор откога е отфрлен нивниот конкурентски предлог за законот за истополните бракови.
Матиас Корман, министер во владата на Турнбул, веќе тргна во гасење на понудата против ставот на владата. Министерот за финасии рече оти дури и кога предлогот би бил успешен во парламентот, на владата е дали ќе ја поттикне кралската комисија да покрене истрага.
„Ставот на владата е дека не го поддржуваме основањето на кралската комисија, поврзано со банкарскиот систем, затоа што тоа ќе биде бавна, долготрајна и скапа вежба, која всушност ништо нема да донесе за да се поправат работите за луѓето низ Австралија” – рече тој. Оваа изјава е објавена откога Fairfax Media објави оти конзервативните сенатори од Националната партија кои се чувствуваат притиснати од предлог законот на либералниот сенатор, Дин Смит, за легализација на истополните бракови, планирале да ја користат истата тактика да почнат истрага за банкарскиот систем. Ова би било крајно непријатно за прајминистерот Малком Турнбул, доколку ова успее. Бари О’Саливан, сенаторот од Квинсленд, за Australian Financial Review изјави оти следниот четврток ќе го открие приватниот предлог на член на парламентот за основање на кралска комисија. Лабуристите, зелените и независните сенатори би го поддржале овој предлог закон како што се случи со предлог законот на сенаторот Дин Смит за легализација на истополните бракови. Предлогот со тоа би имал доволно гласови за да помине во Горниот дом, ако прво таму биде претставен. Сенаторот О’Саливан можеби ќе се обиде да го претстави токму таму на 27 ноември, но нема да има речиси никаква шанса да дојде до расправа затоа што таа недела Сенатот ќе се занимава со предлогот закон за истополните бракови. Неговите шанси за успех исто така се мали и во Пратеничкиот дом каде би требало пратениците од редовите на Коалицијата да преминат на негова страна против ставот на владата, за да помине неговиот предлог. Fairfax известува дека сенаторот O’Sullivan веќе разговарал со пратеникот од Квинсленд за тоа дали ќе го поддржи неговиот предлог. Околку десет сенатори од редовите на Коалицијата кои се противат на предлог законот за истополните бракови наводно стојат зад иницијативата за основање кралска комисија откога е одбиен нивниот обид да предложат конкурентен предлог закон за истополните бракови.