Личниот рејтинг на Скот Морисон е висок во најновата анкета со која се испитуваше мислењето на граѓаните по одржаните јавните расправи за надзор на државните граници.
Охрабрува поддршката за прајминистерот како префериран лидер и неговото настојување да се отворат внатрешните границите ширум Австралија. Резултатот на најновата анкета на NewsPoll покажува дека одобрувањето на политиката на Морисон пораснала за еден бод и сега изнесува 59.
Тој се наоѓа во водство од 22 проценти во однос на лидерот на опозицијата Anthony Albanes кој загуби два бода како можна замена на прајминистерот.
Коалицијата исто така им зема бод на лабуристите и сега односот на наклоност на гласачите кон овие две партии изнесува 51-49. Што се однесува до примарните гласачи на опозицијата, нивната поддршка се зголеми за три бода, на 36, а во анкетата спроведена на 30 август бројките беа помали за два бода.
Коалицијата ги врати двата бода што ги загуби во последната анкета и сега има 43, како што беше на почетокот на август.