Ограничено купувањето на дополнителни артикли

Големите трговски синџири го ограничија купувањето на одредени прехрамбрени артикли за да се спречи паника и прекумерно купување предизвикано од коронавирусот.

Coles, Woolworths и Aldi воведоа ограничувања при купување на некои продукти со цел да се осигурат дека ќе има доволно за сите граѓани, особено за старите лица, и да се спречи несовесното складирање на продукти. Купувачите кои купуваат во Coles можат да купат само по два пакети тестенини, брашно, ориз, хартиени крпи, хартиени марамчиња, дезинфекциски средства за раце по трансакција, потврдено е минатиот петок. Извршниот директор на Coles Steve Cain вели – „донесовме одредени ограничувања за купување одредени артикли во сите продавници”, а привремено е суспендирано и враќањето пари кога купувачите ќе се предомислат по купувањето.
„Од денес привремено ќе ја укинеме политиката на враќање пари на купувачите кога ќе се предомислат по некое купување за да го обесхрабриме претераното купување” – рече тој во својата изјава. „Ако веќе сте купиле дополнителни артикли, кои повеќе не ги сакате, ве молам проверете дали можете да ги донирате на организации во заедницата или да им ги дадете на соседите кои не можат да ги купат”.
Coles и Woolworths имаат ограничување на купување тоалетна хартија на еден пакет по купувач по трансакција и го ограничи и купувањето на други основни продукти. Купувачите во можат да купат два пакети хартиени марамчиња, средства за дезинфекција на раце и еден пакет ориз, хартиени крпи и салвети по купување.

Останати вести