Шест лица, вклучувајќи четворица Британци и двајца Австралици. Уапсени се во Австралија и Нов Зеланд, во најголемата заплени на дрога во оваа област.
Полицијата соопшти дека апсењето е поврзано со организиран криминален синдикат кој има седиште во Велика Британија, и кој тргува со метамфетамин со голема чистота.
Вредноста на дрогата е проценета на $90 милиони, а запленета е во Квинсленд. Од оваа дрога можат да се направат и до 12 милиони капсули екстази, додаде полицијата.
Полицијата на Квинсленд вели дека ова најчист МДМА прав што досега е запленет во државата.
Уште двајца средновечни Британци, се уапсени минатата недела во Окланд, Нов Зеланд, откога тамошната полиција запленила дополнителни 200 килограми метамфетамин.
Направени се претреси и во Нов Јужен Велс. „Организирани криминални синдикати остваруваат огромна заработувачка на штета на нашата заедница” – изјави полицијата на Квинсленд. Таа смета дека дрогата е наменета за препродажба низ Австралија.