Сеизмолошките центри постојано регистрират нови земјотреси со епицентар помеѓу Охрид и Ресен, но зачестеноста драстично опадна.
Во саботата е инструментите на сеизмолошката мрежа регистрираа нов умерен земјотрес во околината на Охрид со магнитуда од 3.2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на оддалеченост од 6 километри од Косел и е регистриран во 00:09 часот.
Сепак, земјотресите повеќе не влијаат на туристичката сезона. Охридското крајбрежје е преполно, како што е вообичаено за време на Илинден. Токму во овој период се концентрирани најголемиот број на концерти од познати поп и фолк изведувачи. Плажите се преполни преку ден, а навечер се познатите журки. Се очекува дека градот ќе биде исполнет со туристи најмалку до крајот на август.