Минатава недела, во ресторанот Канео во Резерво, Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски”, имаше официјлно предавање на признанието од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов пред управата, членовите и спонзорите.
На свеченоста во ресторанот Повелбата ја предаде Блаже Џиков. Во пригодниот говор претседателот на друштвото Васко Ангеловски нагласи дека ова признание е потврда за хуманитарните активности и ангажмани за негување на македонскиот јазик, култура, традиции и идентитет. Тој рече дека сега имаме обврска и дополнителен мотив уште повеќе да придонесуваме за Охрид и Македонија.
Ангеловски посебно им се заблагодари на спонзорите Игор Георгиевски од Електрикал конективити, Илија Менкиновски од Харкоуртс агенција за недвижности, Гоце Петковски Атриум билдинг, Целе Петрески од ДГ видео, Aдора енџениринг итн.
Охридското социјално друштво „Свети Наум Охридски” активно работи повеќе од 32 години. Од управата најавуваат дека ќе има нови донации и во наредниот период.

