Светските океани станаа потурбулентни во последните 33 години, со се поголеми бранови и посилни ветрови. Според најновата студија на научници од Универзитетот Мелбурн, ваквата ситуација ќе доведе до повеќе поплави на крајбрежните градови и до поголема ерозија на тлото.
„Голема е веројатноста за развивање на овие појави се климатските промени, но се уште во целост не разбираме зошто тоа се случува” – вели Ian Young, океанограф и автор на истражувањето. Временските појави како што се Ел Нињо, Северно-атланската осцилација и Пацифичката декадна осцилација исто така веројатно влијаат на промените на океанските услови.
Научниците анализирале податоци за брзина на ветерот и висината на брановите со 31 сателит и ги ускладиле податоците со 80 океански плутачи собрани меѓу 1985 и 18 година. Откриле дека висината на брановите и брзината на ветерот се зголемиле ширум светот, со значителен пораст на екстремните услови на море.
Најголеми промени се забележани во Јужниот океан, каде екстремните ветрови се зголемиле за 8% во тек на 33 годишен период. Висината на екстремните бранови во оваа област пораснала за 30 сантиметри, односно за 5%.
Екстремната брзина на ветерот исто така се зголемила во еквадорските области на Тихиот и Атланскиот океан, како и во северниот Атлански океан за 0,6 м/с.
„Иако зголемувањето во екстремите за 5% или 8% не значат многу, но ако ваквиот тренд продолжи и во иднина, ваквите промени на климата силно ќе влијаат на приморските градови” – вели Young.
„Веќе сите знаеме каква штета може да предизвика зголемувањето на нивото на морето. Но, многумина не разбираат дека главните причини за поплави се силните бури и бранови. Поголемото ниво на морето ги прави овие поплави сериозни и чести” – објаснува тој.
Не треба да биде поврзано со глобалното затоплување
„Зголемувањето на висината на брановите силно ќе влијае на крајбрежните области. Бурите ќе станат се поинтензивни, а ќе се подигне и нивото на морето. Значи, ќе имаме двојно негативно дејство” – вели Gerd Masselink, геоморфолог од Универзитетот Plymouth.
„Меѓутоа оваа студија не ја докажува поврзаноста на зголемената турбуленција на океанот со климтските промени. Постојат сложени климатски системи кои ги контролираат временските услови, а кои варираат од деценија до деценија дури и без влијанието на климатските промени” – објасни тој.