НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА НА ВИКТОРИЈА, 4 КОЛО
Тежок пораз за Алтона Маџик Вардар на гостувањето кај Окли Канонс. Уште во првите дваесет минути од игра се виде дека ќе биде лоша вечер за Вардар кога за кратко време беа наредени три гола во мрежата.
Навистина брз почеток за Окли Канонс, во 4 минута Џо Гест го отвори резултатот за 1–0. Во 11 минута зголеми Тајсон Холмс за 2–0. Следеше уште еден гол на Џо Нолс во 20 минута за 3–0. Домаќинот доминираше по целиот терен во првото полувреме и со леснотија ја префрлаше топката.
Во вториот дел слична беше играта и само среќата, стативата и добрите одбрани на голманот ја спасиja Алтона Маџик Вардар да не прими уште толку голови во вториот дел. Нововлезениот Декер кој дојде на местото на повредениот Нолс беше стрелец во 50 минута за недостижни 4–0. Иако Окли имаше висока предност продолжи да игра напаѓачки и во 83 минута благодарение на извонредната голманска реакција топката беше исфрлена над стативата во корнер. Конечниот резултат беше постигнат во судиското продолжение кога Горан Зориќ го даде голот за 5–0.
Окли Канонс досега се без примен гол на второто место на табелата без пораз. Додека нашата Алтона Маџик Вардар е закотвена на последното место без бод и само еден постигнат гол од четири натпревари.
Во сабота, на 14 март, Алтона Маџик Вардар на домашен терен ја пречекува екипата на Саут Мелбурн со почеток во 18 часот.