ОМД ги осудува постапките на припадниците на грчката „Златна зора“, членови на Европскиот Парламент

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува постапките на грчките членови на Европскиот Парламент, припадници на екстремистичката нео-нацистичка партија „Златна зора”, Lampros Fountoulis и Eleftherios Synadinos, кои со нивното нецивилизирано однесување имаа обид да ја прекинат дебатата на тема Слободата на здружување во Грција и крајното непримерно однесување спрема малцинствата во Грција. 

ОМД го повикува Европскиот Парламент да преземе соодветни мерки кои се неопходни за обезбедување на заштита на лицата кои работат во насока на ширење на вистината за отворените прашања во Грција, членка на Европската Унија.
Уште еднаш, грчките политичари продолжуваат да покажуват систематска нетолеранција кон различноста во „лулката на Демократијата”, со негирање на основното и фундаментално човеково право за самоопределување на малцинствата во Грција, вклучително и на етничките Македонци и етничките Турци.
ОМД ја поздравува реакцијата на организаторот на состанокот, Романскиот член на Европскиот Парламент, Csaba Sógor од Европската Народна Партија кој не подлегна на тактичките обиди за заплашување од страна на „Златна зора” и истовремено ја повторуваме неговата изјава кон „Златна зора”: „Вие морате да ги почитувате правилата на овој Парламент. Напуштете веднаш доколку не умеете да бидете пристојни и цивилизирани”.

Останати вести