ОМД бара сеопфатна македонска стратегија за КОВИД-19

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја изразува својата загриженост за доцнењето со набавка на вакцини против КОВИД-19 за Македонија.

Државата е неорганизирана и допрва треба официјално да ја обезбеди првата доза вакцина за КОВИД-19 за своето население од над 2,1 милиони луѓе.
Македонија се надева дека ќе добие 840 000 дози на вакцини овој месец според шемата предводена од Светската здравствена организација за помош на посиромашните земји. Покрај тоа, таа се потпира на донации од други земји, како што беа добиени 8.000 дози на вакцини од Србија. Некои вакцини исто така се очекува да пристигнат во Македонија подоцна во 2021 година преку Европската унија. Владата на Зоран Заев побара помош од соседите Албанија, Бугарија, Грција и Србија, заедно со Полска и Унгарија.
Ситуацијата во Македонија е длабоко разочарувачка. Со вртоглаво зголемената стапка на смртност, треба да се постават сериозни прашања за тоа како е дозволено Македонија да заостанува толку многу зад остатокот од Европа.
Секоја земја се бори со КОВИД-19. Она што е јасно е дека оние што сега гледаат подобрување имаат воспоставена сеопфатна стратегија веќе неколку месеци. Клучна компонента на ова е обезбедување програма за вакцинација за да се победи COVID-19.
Разочарувачки е што Македонија, преку несоодветно лидерство и недостаток на стратегија, е на дното на листата.
Постојат безброј работи кои треба да се направат повеќе за да се спасат и заштитат животи. Тоа започнува со транспарентно признавање на неуспесите досега, и јасен и план за приоритетите за делување во иднина.
Членовите на ОМД со медицинско искуство ја понудија својата поддршка на македонските институции. Има многу работа, но македонската влада продолжува да потфрлува во својата одговорност за стратешко планирање за изнаоѓање и доставување на дози на вакцини на своите граѓани.

Останати вести