Ќе ве фасцинира што сладоледот му прави на вашиот мозок Многу луѓе го избегнуваат сладоледот, најмногу поради шеќерот, а не се ни свесни колку тој може да им помогне во развојот.
Научниците потврдија дека само три лажици сладолед дневно се доволни за да станете поинтелегентни. Јапонскиот професор *Јошихико Кога*, тврди дека имате поголеми шанси да бидете поинтелигентни доколку секое утро на празен стомак изедете три лажици сладолед. Овој негов заклучок е поткрепен со истражување и со конкретни резултати. Во склоп на помала студија, испитаниците морале секое утро на празен стомак да изедат по три лажици сладолед, а потоа со помош на компјутер да одработат неколку ментални вежби. Професорот Кога, тври дека личностите кои јаделе сладолед на празен стомак имале далеку побрзи реакции, па подобро ги процесуирале информациите од групата која не појадувала. Мозочните бранови кои биле мерени за време на експериментот во групата која појадувала сладолед, покажале зголемена активностна алфа бранови, кои се поврзуваат со концентрацијата, релаксацијата и менталната координација. Така што сега слободно можете да уживате во една или две топки сладолед.