Опасност од радикалните муслимани за Австралија

Ендру Болт, кој е и самиот мигрант од Холандија, а е едно од најсилните пера во Австралија, во колумна се осврна на проблемите со екстремистите што доаѓаат да живеат во државата. Неколку стотина луѓе што живеат во Австралија и проповедаат насилна муслиманска идеологија се под набљудување на Австралиската тајната известувачка служба (ASIO).

Моментално има 20 муслимани во затвор поврзани со терористички престапи и ASIO е уплашена дека ќе има многу повеќе во иднина: Има зголемен број на Австралијанци што патуваат во странство за да учествуваат во терористичка обука и во воени судири – Сирија е главната дестинација.
Загриженост се пројавува дека радикализираните Австралијанци што ќе се вратат тука ќе придонесат за зголемување на тензиите. Се смета дека 80 муслимани од Австралија се борат во Сирија, а има и други кои тренирале или се бореле во Сомалија, Авганистан, Пакистан и Јемен. Сите тие се потенцијална опасност за тукашниот начин на живеење.
Според ASIO оџата Шеик Хилали, кој проповеда во џамијата во Лакемба, создава омраза кон австралиските војници што се борат против џихадистите во светот, исто така и против полицијата кога ги апси терористите дома.
Кога 5 муслимани беа притворени во Сиднеј за терористички заговор, 30 муслимански лидери на заедницата и оџи потпишаа барање во џамијата во Лакемба, тврдејќи дека причината за приведувањата и осудите е дека овие млади луѓе имале мислење различно од австралиската надворешна политика кон повеќето муслимански земји.
Не треба да се затскрива и фактот дека некои исламски проповедници сметаат дека АНЗАК денот е прослава на неверниците, за настани и војни против легитимните муслимански авторитети во тоа време.
Од 18 терористички групи кои се забранети во Австралија, 17 се исламистички, а едната надвор од ова друштво е сталинистичкиот ПКК на Курдите од областа на Ирак, Турција и Иран.
Годишно Австралија прифаќаше 10,000 бегалци од муслиманските земји – посебно од оние во кои е најизразен џихадот (света војна против неверниците и христијаните). Многу од нив не го знаат англискиот јазик, а само 9 проценти од бегалците од Авганистан наоѓаат работа после 5 години живеење тука. Постарите мигранти од муслиманските земји, како Либан, имаа висока стапка на невработеност, зависност од социјална помош и популација во затвор, а исто така има висок број на членови во моторџиските банди.

Останати вести