Операта ја забрани „Кармен” оти се пушело

Австралиска оперска куќа наиде на критики бидејќи согласно еден спонзорски договор што го потпишала ги забрани сите изведби на „Кармен”, бидејќи во француската опера стара 140 години има сцени со пушење.

„Вест Аустралиан опера” две години нема да ја постави популарната опера за шпанската Циганка Кармен која работи во фабрика за пури.
Забраната ќе трае додека важи спонзорскиот договор вреден 355.000 долари со „Хелтвеј”, државна агенција за унапредување на здравјето.
Договорот што им беше соопштен на медиумите ќе важи од март.
Ваквиот потег ги подели Австралијците на оние кои се жалат дека државата е премногу заштитнички настроена и оние кои ја поздравија позитивната порака за јавното здравје што ја пренесува забраната.
Премиерот Тони Абот го осуди договорот и рече дека е пример за претерана политичка коректност.

Останати вести