Опозицијата со предност еден месец пред изборите

Лидерот на опозицијата Даниел Ендрус

Опозиционата Лабуристичка партија на Викторија има конфорна предност пред Коалицијата еден месец пред закажаниот избор.

Во сабота, на 29 ноември се гласа на државниот избор во Викторија, а опозицијата според истражувањата води со 52 наспрема 48 проценти, и тоа е истиот процент што беше забележан во месец август. Доколку и на денот на изборите се задржи оваа предност тоа ќе значи 12 седишта предност за опозицијата, а Коалиционата влада ќе биде првата со еден мандат во изминативе шест декади.
Како утеха за Либералите е дека премиерот др. Денис Наптин има 16 проценти предност над опозициониот лидер Даниел Ендрус, кој за многумина е непознат.

Останати вести