Општинско првенство во билијард

Минатата недела заврши првенството во билијард во Македонската православна општина Св. “Јован Крстител” во Џилонг.

Ова првенство се одржува секоја година а беа пријавени 14 натпреварувачи. Се одиграа 13 кола односно секој мораше да игра еден натпревар со секого. За разлика од ланското билијардско првенство оваа година беше поквалитетно. Настапија искусни натпреварувачи и секако интересот за играње и гледање беше голем. Првенството се одржа во Социјалниот клуб кај Македонскиот Центар и се играше еднаш неделно, односно секој Петок навечер. Како и секогаш управата за освоените први три места доделува пехари.
Шампион за 2017 година е Миле Костовски. Второто место го освои ланскиот првак Лубе Димовски а третото место го освои Стребре Собевски.
Во тек е и се организира за првпат првенство во двојки. Сакаме да ја известиме македонската заедница во Мелбурн и околината до колку има билијардски клуб или било каква организација каде играат билијард да се јават и по можност да организираме еден пријателски натпревар. До колку има заинтересирани можат за информаци да се јават кај Митко Николовски на моб: 0407 565 022.

Останати вести