Успешна Oреовската средба

Минатата сабота во прекрасната сала на црквата „Света Петка” во Рогдаел се одржа игранка – „Ореовска средба” во организација на Културно уметничкото друштво „Пелистер” од Ричмонд.

Целта на оваа игранка – Ореовска средба беше собирање на финансиски средства за доизгарадба на црквата „Света Петка” и обновувње на „Србинова Чешма” во село горно Ореово – битолско.
Благајникот на друштото господинот Вангел Гелевски ги поздрави гостите, им заблагодари за нивната присутност и поднесе извештај за друштвото „Пелистер”.
Посебен белег на таа вечер даде нашиот интерпретатор на македонски песни Бранко Киш придружуван од Петко Чавковски на хармоника и Илија Аполевски на кларинет и саксафон.

Тоде Кабровски

Останати вести