Минатиов петок КУД Јане Сандански од Мелбурн отпатува на турнеја во Јапонија, која е планирано да трае една недела, поточно од 22 до 30 септември
Нашите млади играорци настапија на Светскиот музички фестивал во Осака во неделата а ќе имаат и настап во Токио оваа среда. Посебен акцент се стави на изворните народни ора бидејќи Јапонската публика е голем љубител на Македонската култура и сакаат да го почувствуваат нашето поднебје.
Младите амбасадори на културата од КУД “Јане Сандански” за тоа подготвија пригоден сценски настап кој трае 45 минути со избор на песни и ора. Во него се четири сплетови со изворни ора и игри од: повардарие, источна Македонија, преспански и сплетот посеље.
Покрај настапот на Светскиот музички фестивал, е планиран и настап во училиште во Осака и средба во Македонската амбасада во Токио. Главен арангажер за настапот во земјата на изгрејсонцето е Соња Стојковска, која живее во Јапонија 25 години, и е сестра на познатата адвокатка Розета Стојковска.

