Славната модна куќа ќе се претстави на Модната недела на Мерцедес Бенц. Австралиските модни љубители имаат причина плус да се радуваат на новото издание на Модната недела.
Луксузната модна куќа „Оскар де ла Рента” соопшти дека ќе ја претстави колекцијата лето 2016 година на Модната недела на Мерцедес Бенц во Австралија. Светски познатиот дизајнер ќе ја затвори ревијалната секција со претставување на 20 мај во 20 часот во “Кериџворкс” во Сиднеј. „Многу сме возбудени од партнерството со Ај-Ем-Џи и Модната недела на Мерцедес бенц за нашата прва ревија во Сиднеј. Со задоволство очекуваме да го претставиме модниот свет на Оскар де ла Рента пред Австралијците со стил”, рече главниот извршен директор на „Оскар де ла Рента” Алекс Болен. Славниот бренд се приклучува на редицата дизајнерски ѕвезди што ќе се претстават во Сиднеј како Тони Матичевски, Дион Ли и ТОМЕ.