Не излегувајте од дома ако не морате.
Треба да одбегнувате да излегувате од дома заради која и да е активност што не е од суштинско значење.
• Не поканувајте дома роднини или пријатели.
• Останете дома, освен во случај да:
– одите на работа или заради образование (ако не можете тоа да го правите од дома)
– купувате основни артикли како што се прехранбени производи (вратете се дома без задржување)
– излегувате заради лично вежбање во соседството, сами или со уште едно лице
– одите на медицински прегледи или во посета заради сочувство.
Медицинските служби, супермаркетите, банките, бензинските пумпи, поштите и службите за испорака дома остануваат отворени.
ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ
Секогаш внимавајте на хигиена, мијте ги рацете 20 секунди со сапун и вода, покривајте ги устата и носот кога кашлате или кивате, одбегнувајте да ги допирате очите, носот и устата.
Одржувајте социјално растојание од 1,5 метар кога сте надвор од дома.
Одбегнувајте физичко поздравување како што се ракување, прегрнување и бакнување.
Наместо со пари, плаќајте со допир со банковна картичка (tap and go).
Патувајте кога е тивко и одбегнувајте места со многу луѓе.
Бидете добро информирани – користете само веродостојни официјални информации. Преземете ја апликацијата за мобилни телефони на Coronavirus Australia, претплатете се на сервисот WhatsApp на Coronavirus Australia, и посетете australia.gov.au за најнови информации.
Одржувајте контакти
Јавувајте се на роднини и пријатели по телефон или интернет.
Носете прехранбени производи и основни артикли на постари роднини и на луѓе со кревко здравје. Работите оставајте ги пред нивните врати.
Клучни доброволни и добротворни организации може да даваат услуги на луѓе на кои им се најпотребни.
Здравствени информации
Симптомите на коронавирусот вклучуваат:
• треска
• кашлање
• болки во грлото
• изнемоштеност
• отежнато дишење
Ако сте болни и мислите дека можеби имате коронавирус, побарајте медицинска помош.
За информации може да се јавите на дежурната национална линија за коронавирусот. Ако ви треба помош од преведувач, јавете се на 131 450.
Ако имате сериозни симптоми, како што е тешко дишење, јавете се на 000 за итна медицинска помош.
На интернет страницата на Министерството за здравје има низа информации на неанглиски јазици, за да се помогне луѓето да останат безбедни и да се намали на минимум ризикот за заедницата.
Финансиска поддршка за поединци и домаќинства
Австралиската влада им дава финансиска помош на Австралијците, за да им помогне во текот на коронавирус пандемијата. Таа помош вклучува исплати за поддршка на приходи, исплати за поддршка на домаќинства и можност за привремено рано повлекување на superannuation. За повеќе информации посетете ја интернет страницата servicesaustralia.gov.au.
Финансиска поддршка за бизниси
Австралиската влада им дава поддршка на австралиските бизниси, за да се справат со тешкотии околу протокот на пари и да ги задржат вработените. Помошта вклучува поддршка на бизниси околу протокот на пари и привремени мерки за давање олеснувања на бизниси со финансиски тешкотии.
Исплати JobKeeper
Ако коронавирусот значително влијаел на вашиот бизнис, ќе може да добиете субвенција за плати, за да продолжите да ги плаќате вашите вработени. Со програмата JobKeeper, ќе можете да барате исплата од по 1.500 долари на две недели за секој вработен кој ги исполнува условите, почнувајќи од 30 март 2020 во период од најмногу шест месеци. Оваа помош ќе ви помогне да ги задржите вработените и одново да почнете кога пандемијата ќе помине. За повеќе информации за финансиската поддршка, условите и времетраењето, посетете ја интернет страницата business.gov.au
Без исфрлање од живеалиште
Владите на државите и териториите ќе го спречат исфрлувањето од живеалиште во период од шест месеци. Сопствениците на живеалишта и потстанарите се поттикнуваат да преговараат за пократкорочни договори.
Ограничувања на патувања
На сила е забрана на патување, со која не се дозволува влез во Австралија на сите лица кои не се државјани или жители на Австралија.
Од забраната на патување се изземени блиски членови на семејства на австралиски државјани и постојани жители, вклучувајќи сопружници, неполнолетни издржувани лица, полноправни старатели и дефакто партнери. По пристигнувањето во Австралија, сите патници се должни да поминат 14 дена во карантин.
Информации за носители на привремени визи
Носителите на визи кои сакаат да останат во Австралија по истекувањето на важењето на нивната сегашна виза, треба да поднесат барање за нова виза. Носителите на виза треба да ги испитаат опциите, со цел да одберат нова виза што им одговара на нивните околности и да проверат дали можат да ја побараат.
За повеќе информации за ограничувањата на патување и за визи, посетете ја интернет страницата covid19.homeaffairs.gov.au
Македонската Амбасада во Канбера испрати апел за прибирање донации за Коронавирусот
Македонците од Австралија уште еднаш се замолуваат да ја покажат својата хуманост, солидарност, и љубовта кон Македонија. Ситуацијата во Република Македонија е алармантна последниве денови, каде поради корона вирусот целата нација е пред голем тест. Амбасадата на Република Македонија во Канбера и Генералниот конзулат од Мелбурн, упатуваат апел до сите Македонци и Македонски организации во Австралија да се приклучат кон хуманитарната акција за помош. Отворена е сметка од Министерството за здравство на Република Македонија за прибирање на донации потребни за набавка на потребни работи за заштита на насеслението од Коронавирусот.
Хуманоста е најголемиот украс на човековиот карактер. Почитувајте се себеси но и другите и преземете хумани чекори за општествено добро, за доброто на Република Македонија, тогаш кога и е најпотребно.
Bank details:
NATIONAL BANK OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Address: Bl. „Kuzman Josifovski Pitu” br.1
1000 Skopje
Republic of North Macedonia
SWIFT: NBRM MK 2X
Final beneficiary:
IBAN: MK07100701000006669
Name: Ministerstvo za zdravstvo
Details of payment (:70):