„Ја ковертирав до Собранието мојата оставка која ќе биде активна 100 дена пред избори“

Никола Груевски го објави заминувањето од премиерската позиција на 100 дена пред изборите

Во обраќање до граѓаните на Република Македонија, актуелниот премиер Никола Груевски најави дека до претеседателот на Собранието испратил писмо со оставка која ќе биде ефективно на сто дена пред изборите. 

Тој истовремено најави дека има големи планови по изборите да продолжи уште поактивно да работи на проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Тој нагласи дека Македонија подолго време е заглавена во политичка криза и дека со ова што го прави сака земјата да оди напред.
– Сите партии потпишаа договор кој треба да ја разреши кризата.Ние направивме многу компромиси, дури бевме критикувани дека премногу сме попуштале. Ние тоа го правевме свесно и за доброто на државата. СДСМ доби двајца министри и три дополнителни заменици министри. Нашата обврска беше исполнета во целост. Се одбра специјален обвинител, беше одбран составот на Државната изборна комисија каде опозицијата има доминација, ем претседател ем секретар. Нашата обврска е исполнета. Беше променет изборниот законик согласно барањата на опозицијата. Изборите треба да се закажат на 24 април. Сега е време да се исполни оваа обврска. За жал, неодамнешните изјави од страна на СДСМ фрлаат сенка врз овој дел од договорот. Ова е јасна замка за да се држи нашата земја во заложништво, во криза, конфликтност и да се оспори правото на народот. Правото на народот да ги одбира луѓето кои мисли дека треба да ја предводат државата. Јас сум против ова кочење и против вакво кочење на државата. До претседателот на Собранието го испратив моето писмо со оставка на функцијата претседател на Владата, која ќе биде ефективна на сто дена пред официјалниот датум на избори, рече премиерот.
Новиот Закон за избори налага премиерот да поднесе оставка и на 1оо дена пред изборите премиерската функција да ја преземе техничко лице.
Според премиерот, оваа оставка ја покажува посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ и вербата во демократијата. Најдобрата победа над оваа валкана кампања против Македонија водена преку најразлични методи изминатата година, се чисти избори кои нема да дадат никаков изговор никому, рече Груевски.
– Такви беа изборите со кои освоивме огромна победа. Огромна ќе биде победата заедно со вас и на следните избори. Но, овојпат одиме со вакви потези и чекор понатаму убедени дека ова што го правиме е за доброто на државата и на народот. Македонија мора да оди напред и ние заедно со народот ќе се избориме за тоа. Мојата партија и јас лично се држиме до овој договор затоа што стоиме до вас, се потпираме на вас, веруваме во вас. Ваше и единствено ваше е правото да одбрете кој ќе ја води оваа држава. Вие,народот на Македонија сте нашата главна потпора и јас ова го правам за вас, зато што верувам во вас и во вашата одлука и проценка. Вие се знаете и на вас се ви е јасно. Никој не смее да ве потценува. Вие ќе го кажете вашето мислење на следните избори. Јасно и децидно и тоа ќе биде громогласно и убедливо. Следните избори треба да означат еден нов почеток, месеци на политичка криза и вознемирувачки случувања, шпионажи ќе бидат зад нас. Месеци на кавги, поделби, гнев, агонија, но ние истрајавме задено со нас. Ќе победиме заедно со вас. Јас на следните избори нема да губам време да се враќаме на старите политички препукувања и сплетки на опозицијата. Јас имам големи планови и сериозни платформи за државната економија. Раст и развој за отворање на нови работни места и инвестиции во сите области. Ќе презентирам детална програма за да се постигнат очекувањата од нас и може да сметате на мене дека ќе го исполнам ветеното. Затоа што јас држам до дадениот збор. Другите може да се вплектуваат во политика на лична деструкција, во непродкуктивни сценарија, но мојата програма е за тебе, за твоето семејство, твојата работа, твоите приходи и плати и за изградбата на нашата земја како место каде ќе се гледаат вашите надежи и соништа. Овој потег ја одбележува нашата заложба дека да средуваат работите и вие имате право да го очекувате од луѓето во политиката посветено и верно да го исполнуваат тоа што го ветиле. Следните избори ќе го оттргант облакот од неизвесност и ќе го заменат со нов и силен мандат, со нов ветар во грб. Кога сета оваа агонија која ја создадоа ќе биде зад нас и ќе докажеме на сите дека Македонија е силна и отпорна и дека никој не смее да го потценува нашиот народ, дека знае што сака и кого и зошто го поддржува, тогаш Владата ќе ја води оваа држава напред и во изградба на нашата економија. Денес правам важен чекор заради мојата верба во вас. Со нетрпение ги чекам сите идни разговори со вас, разговори на терен, затоа што тоа е мојот план, да бидам постојано со вас и да се договареме за задничката иднината на нашата татковина. Ќе споделуваме идеи и планови,проекти,мерки како да се подобриме. Денеска Македонија им докажува на сите дека верува во себе и знае што прави и се бори за себе и нема да дозволи никој да си игра со тоа. Јас верувам во вас и верувам во Македониија, рече Никола Груевски на 14 јануари.

Останати вести