Оставка поради обвинувања за сексуално злоставување

Мелбурн ќе бира нов градоначелник откако Robert Doyle поднесе оставка поради тврдењата дека сексуално злоставувал и недолично напаѓал жени.

Doyle оставката ја поднесе откако е примен во болница „на раб на нервен слом”, како што вели неговата сопруга Emma Page Campbell. Поднесе оставка и на местото претседател на Одборот за здравство на Мелбурн, продолжувајќи да ги негира обвиненијата насочени кон него.
„Тој е добар и пристоен човек. Јас го сакам. И токму што го сакам, гледам и го делам со него тоа што во изминатите седум недели се соочува, а тоа е вистинска агонија” – вели во својата изјава Page Campbell. Tessa Sullivan, членка на Градското собрание на Мелбурн поднесе оставка поради недоличното однесување на Doyle кон неа и кон уште една жена. Трета жена подоцна исто така тврдеше дека Doyle ја допирал нејзината нога под маса и дофрлал навредливи коментари за време на доделување на наградите Melbourne Heаlth 2016. Министерката за здравство на Викторија, Jill Hennessy, одреди да се спроведат посебни независни истраги поврзани со овие обвинувања. Се очекува изборите за новиот градоначелник на Мелбурн да се одржат во најкус можен рок.

Останати вести