Извонреден филм на Aнгус Mекдоналд: Центар за азиланти на островот Манус

Не е лесна задача да се раскаже приказна зад непробојните огради на австралискиот прифатен центар за азиланти на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја. Но, една темна ноќ во 2017 година новинар и тројца христијански мисионери биле доволно храбри тоа да го направат.

Прокријумчарени во центарот кој бил дом на стотици бегалци и баратели на азил се обиделе да им дадат глас на оние кои го немаат. Крајниот резултат е извореден краток дебитански филм на режисерот Ангус Мекдоналд кој се прикажува во склоп на филмскиот фестивал Сент Килда.
Мекдоналд рече дека снимањето на филмот било овозможено благодарение на новинарката Оливија Русет и двајца црковни активисти кои минале една ноќ снимајќи изјави од оние кои се заглавени во тој бескраен круг на надеж и неизвесност.
„Властите на Папуа Нова Гвинеја не сакаа никој да се шета наоколу. Да се отиде таму во тоа доба беше особено тешко” – вели тој. Рече и дека новинарката и активистите на властите им кажале оти во Папуа Нова Гвинеја се поради христијанскиот фестивал, но наместо тоа тие се поврзаа со локалните жители кои ги разбираат проблемите на бегалците. Кришум влегле во прифатниот центар и почнале да снимаат.
Снимките се направени под закрила на ноќта вклучувајќи срцекршечки интервјуа со бегалци кои се затворени и кои чекаат вест што можеби никогаш нема да се слободни. Еден од тие мажи таму е веќе шест години без сопругата и децата. Ги пропуштил нивните родендени и други бројни драгоцени моменти, во потрага за подобар живот.
„Тоа е страшно. Овие луѓе се мачат. Но, сакам да се ставам во нивна позиција, бидејќи имам деца, приказни кои ги сметам за најтрогателни се оние кои кажуваат колку долго време овие луѓе не ги виделе своите деца. Еден од нив има три деца. Сите биле многу мали кога заминал. Не ги видел шест години. Освен тоа, со децата е и неговата сопруга”.
Во филмот се прикажува интервју со познат иранско-курдски новинар Behrouz Boochani и со луѓето со кои бил затворен. „Признати сме како бегалици според меѓународните закони. Заслужуваме слобода. Никој не знае што се случува тука. Сега луѓето ќе имаат можност да видат” – вели Boochani.
Уште еден бегалец вели оти сите на островот Манус се „браќа”.
„Се почитуваме едни со други. Не е важно дали имате бела или темна боја на кожата. Тоа нам не ни е важно. Вербата ни е важна. Тоа што нам ни е важно е човечност”.
Овој филм е објавен во моментите кога излегоа податоците за се почести случаи на самоповредување на островот.
Мекдоналд изјави оти зголемувањето на вакви инциденти е поврзано со резултатите од федералните избори на кои владата под водство на Скот Морисон се врати на власт.

Не е лесна задача да се раскаже приказна зад непробојните огради на австралискиот прифатен центар за азиланти на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја. Но, една темна ноќ во 2017 година новинар и тројца христијански мисионери биле доволно храбри тоа да го направат.

Прокријумчарени во центарот кој бил дом на стотици бегалци и баратели на азил се обиделе да им дадат глас на оние кои го немаат. Крајниот резултат е извореден краток дебитански филм на режисерот Ангус Мекдоналд кој се прикажува во склоп на филмскиот фестивал Сент Килда.

Мекдоналд рече дека снимањето на филмот било овозможено благодарение на новинарката Оливија Русет и двајца црковни активисти кои минале една ноќ снимајќи изјави од оние кои се заглавени во тој бескраен круг на надеж и неизвесност.

„Властите на Папуа Нова Гвинеја не сакаа никој да се шета наоколу. Да се отиде таму во тоа доба беше особено тешко“ – вели тој. Рече и дека новинарката и активистите на властите им кажале оти во Папуа Нова Гвинеја се поради христијанскиот фестивал, но наместо тоа тие се поврзаа со локалните жители кои ги разбираат проблемите на бегалците. Кришум влегле во прифатниот центар и почнале да снимаат.

Снимките се направени под закрила на ноќта вклучувајќи срцекршечки интервјуа со бегалци кои се затворени и кои чекаат вест што можеби никогаш нема да се слободни. Еден од тие мажи таму е веќе шест години без сопругата и децата. Ги пропуштил нивните родендени и други бројни драгоцени моменти, во потрага за подобар живот.

„Тоа е страшно. Овие луѓе се мачат. Но, сакам да се ставам во нивна позиција, бидејќи имам деца, приказни кои ги сметам за најтрогателни се оние кои кажуваат колку долго време овие луѓе не ги виделе своите деца. Еден од нив има три деца. Сите биле многу мали кога заминал. Не ги видел шест години. Освен тоа, со децата е и неговата сопруга“.

Во филмот се прикажува интервју со познат иранско-курдски новинар Behrouz Boochani и со луѓето со кои бил затворен. „Признати сме како бегалици според меѓународните закони. Заслужуваме слобода. Никој не знае што се случува тука. Сега луѓето ќе имаат можност да видат“ – вели Boochani.

Уште еден бегалец вели оти сите на островот Манус се „браќа“.

„Се почитуваме едни со други. Не е важно дали имате бела или темна боја на кожата. Тоа нам не ни е важно. Вербата ни е важна. Тоа што нам ни е важно е човечност“.

Останати вести