Осуда за трошокот од $175 милиони за нови скенери за МР

Федералната влада ќе вложи $175 милиони за 30 нови скенери за Магнетна резонанца ширум земјата. Но едно здружение на здравствената индустрија вели дека политичарите заглавиле во трката кој повеќе ќе финансира и со тоа си купуваат гласови.

Прајминистерот Скот Морисон и министерот за здравство Грег Хант го најавија ова финансирање во болницата Mount Druitt во Сиднеј, велејќи дека тоа би можело да резултира со подобра дијагноза и лекување.
„Магнетната резонанца спасува и штити животи. Тука во болницата Mount Druitt таа веќе се користи за дијагностицирање карцином или детекција на мозочен удар” – вели тој. Hunt изјави дека поради големата потреба, десет лиценци ќе бидат издадени до 1 ноемврри, а останатите 20 ќе бидат отворени за интерес и потребите на болниците и ќе можат да се користат до март следната година. Морисон и Хант демантираа дека обврската на лабуристите за финасирање на МР ја поттикна владата на оваа објава.
„Нашиот процес по ова прашање трае веќе долго време” – рече Морисон. Хант изјави дека бројките на опозицијата се за 50 отсто помалку од тоа што е потребно и го повика лидерот на опозицијата Бил Шортен да ја објасни „црната дупка” во своите бројки. Австралиската организација за дијагностички постапки го нарече ова финансирање „политички трик” кој нема ништо да направи оваа дијагностичка постапка да ја направи попристапна за Австралиците кои од сопствен џеп ќе мораат просечно да плаќаат сто долари за радиолошки услуги.

Останати вести