Крај северниот брег на Австралија откриен нов вид делфини

Новооткриениот вид грбави делфини живее во морето покрај северниот брег на Австралија, објавил меѓународен тим научници, а пренесува Ројтерс. Сите грбави делфини имаат карактеристична грпка под горната перка, но постојат неколку видливо различни видови во тоа семејство морски цицачи, утврдиле научниците.

 

Додека научната заедница ги признава атлантските грбави делфини како нов вид, новото истражување пружа досега најдобри докази дека индо-пацифичкиот делфин треба да се подели во три посебни видови, од кои еден бил досега непознат.

Научниците ја проучувале историјата на еволуцијата на група грбави делфини користејќи генетски податоци и преку разликите во нивните телесни карактеристики, се вели во соопштението на друштвото за зачувување на животот во дивината Вајлдлајф конзревејшн сосајети.

Авторите на истражувањето заклучиле дека постојат најмалку четири вида грбави делфини – атлантскиот грбав делфин кој живее во водите на Источниот Атлантик крај западниот брег на Африка, и три индо-пацифички вида од кои еден живее во централниот и западниот дел на Индискиот Океан, втор во источниот дел на Индискиот Океан и западниот дел на Тихиот Океан, и третиот, досега непознат вид, крај северниот брег на Австралија кој сѐ уште не добил латински назив.

Тимот научници ги проучиле черепите на 180 делфини и собрале 235 примероци за ДНК анализа од грбавите делфини од источниот дел на Атлантикот до западниот дел на Тихиот Океан.

Резултатите од истражувањето биле објавени во списанието Молекјулар еколоџи.

Останати вести