Открил галаксија користејќи домашен телескоп!

Астроном-аматер од Австралија бил убеден дека открил потполно нова џуџеста галаксија користејќи само домашен телескоп. Подоцна добил потврда за своето откритие од научници кои користеле професионална опрема далеку подобра од неговата.

Мајкл Сидонио е менаџер во областа на безбедноста и работи во австралиска државна агенција, а астрономијата е негова голема љубов. Астрономот-аматер до ова фантастично откритие дошол сосема случајно кога ја фотографирал познатата галаксија „NGC 253″.
Тој забележал нешто чудно кога во правецот на таа галаксија се насочил телескоп со пречник не поголем од 25 сантиметри. После потврдата за неговото откритие, заклучено е дека станува збор за џуџеста галаксија со релативно мал број на ѕвезди, а која ја попречуваат многу поголемите галаксии кои се наоѓаат блиску до неа, како веќе споменатата ,,NGC 253″.
Новооткриениот објект потоа беше потврден и од сите поголеми астрономски центри, па на мапата на небото беше впишана оваа галаксија под име „NGC 253-dw2″.

Останати вести