Од свештениците се бара да имаат законска обврска за „откривање на исповедните тајни“

За верниците на римокатоличката Црква во целиот свет поимот „исповедни тајни” е особено важен и значи нешто што никогаш не смее да се открие.

Така е во целиот свет, па и во Австралија. Но, сите три партии на Законодавниот совет на територијата на австралискиот главен град Канбера ја поддржаа одлуката со која на свештениците кои служат во Канбера, наскоро ќе им се наметне законска обврска да ја откријат исповедната тајна, кога се во прашање гревови поврзани со злоставување деца. Одлуката се уште не е донесена, затоа што некои пратеници од либералната партија, поради загриженост околку носењето на овој закон, замолиле одлуката уште еднаш или два пати добро да се разгледа, затоа што според нив, одлуката со која законски ќе се бара кршење на исповедната тајна, всушност навлегува во индивидуалната слобода на изразување и верските права. Во црковна смисла откривањето на исповедната тајна всушност со себе носи автоматска екскомуникација, според Канонското право. Црквата, велат тие, веќе била обврзана и се држела до тоа, кога во прашање било појава на некои сомнителни дејствија поврзани со злоставување деца и таа тоа ќе го прави и понатаму. Но, од круговите на австралиската Црква, доаѓаат пораки кои не ја оправдуваат ваквата законска можност, затоа што според зборовите на отец Alexander Lucie-Smith, ако свештенците мораат на полицијата да и пријават што слушнале за време на исповед, без согласност на покајникот, една работа е сигурна, малкумина ќе доаѓаат на исповед. Затоа и тој, како и многубројни други австралиски свештеници го искажуваат своето противење на ваквата одлука на власта.
„Исповедната тајна постои со причина, а нејзинито чување е една од работите поради која свештениците се подготвени да одат и во затвор” – вели Lucie-Smith.
По овој повод се огласи и надбискупот на Канбера, Cristoper Prowse, велејќи дека присилувањето свештениците да го кршат законот на молкот ја нарушува довербата во свештениците и Црквата. Тоа го смета за недозволено, затоа што на исповед доаѓаат покајници, а педофилите кои прават одвратни работи не доаѓаат на исповед, затоа што на тој начин имаат чувство дека се пријавуваат самите себе си. Тој изрази и сомнеж оти кршењето на исповедната тајна ќе го спречи злоставувањето или ќе ја подобри сигурноста на децата во католичките институции.

Останати вести