Рик Трип од Австралија успеал да направи фотографии од подводна борба до смрт меѓу морска змија и риба, а неговите фотографии станаа хит на интернет, пренесува BBC.
И покрај опасностите рибарот се обидел да ги раздели двете животни, но неговата намера да им ги спаси животите била неуспешна. Змијата повторно ја нападнала рибата, во смртоносен конфликт.
Иако на крајот змијата отровница излегла како победник, голема е веројатноста и таа да починала од рибата чиј отров може да убие возрасен човек за два часа.
