Постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да ги отстраните непријатните миризби од чевлите или барем да ги сведете на минимум.
Сода бикарбона
Овој трик го користеле и нашите баби, а сигурно функционира. Кога ќе дојдете дома и ќе ги соблечете чевлите, посипете ги со сода бикарбона. Оставете содата да елува преку ноќта, а наутро едноставно свртете ги чевлите и ослободете се од вишокот сода бикарбона.
Замрзнете ги чевлите
Овој наизглед необичен трик одлично ги отстранува непријатните миризби. Исчистете ги чевлите и ставете ги во пластична кеса, добро затворете ја кесата и ставете ја во замрзнувач. По неколку часа може да ги извадите чевлите и да се уверите дека непријатната миризба исчезнала.
Зрна кафе
Кафето одлично ги впива непријатните миризби па може да помогне да ја отстраните миризбата од чевлите. Неколку зрна кафе ставете ги во чевлите и нека постојат неколку часа. Тие ќе го впијат непријатниот мирис.