Отстранување на барателите на азил од центарот на Науру

Пратеникот на лабуристите Тони Бурк вели дека постојат „длабоки проблеми” со предлог законот според кој на бегалците кои се наоѓаат на островот Науру засекогаш да им се забрани влез во Австралија.

Прајминистерот Скот Морисон минатата недела изјави дека е подготвен да ја прифати понудата на Нов Зеланд за преселување на барателите на азил и нивните семејства од прифатниот центар кој се наоѓа на пацифичкиот остров Науру.
Бурк изјави дека лабуристите се скептични кога станува збор за овој предлог закон кој веќе две години е заглавен во парламентарната процедура и потребни се нови информации доколку има расположение да се оди напред.
„Прво што мораме да знаеме е дали тоа што Скот Морисон го изјави пред дополнителните избор (за Wentworth) е нешто во што верува. Откако овој предлог закон е поставен во парламентот никогаш не кажа дека се работи за Нов Зеланд. Нашите приговори за овој предлог закон и понатаму стојат. Постојат длабоки, длабоки проблеми со овој предлог закон” – вели Бурк.
Министерот во владата Ден Техан се надева дека лабуристите ќе го променат мислењето поврзано за овој предлог.
„Се надевам дека Лабуристичката партија ќе седне со владата и ќе одлучи да даде поддршка на овој закон затоа што тоа би ни дало алтернативи” – рече тој
Тројца пратеници на Либералната партија: Расел Бродбент, Крег Лунди и Џулија Бенкс, минатата недела побараа од Морисон да ги премести децата од островот Науру. Независната пратеничка Кети МекГован изјави дека релокацијата на барателите на азил на Нов Зеланд „е многу добра” можност.
„Потребни ни се влада и опозиција кои соработуваат за да се релоцираат семејства од островот Науру. Но, тоа нема да се случи ако ја немаме поддршката на лабуристите” – изјави таа. Независниот пратеник Ендрју Вилки неделава ќе предложи уште еден предлог закон според кој децата и нивните семејства привремено да се доведат во Австралија на лекување. Пратеникот на зелените Адам Банд и Ребека Шарки од пратијата Centre Alliance го поддржуваат овој предлог закон.

Останати вести