Се сметаше дека популарниот природен парк кој беше уништен во пожарите во Викторија за време на т.н. „црната сабота” никогаш нема да се опорави, но тој се отвора цело десетлетие по споменатата катастрофа.
Патеката во националниот парк Кинглејк уништена во еден од најголемите пожари кој хараше низ Австралија на 7 февруари 2009 година. Штетата што ја претрпе овој парк во близина на Мелбурн во кој се наоѓаа големите стебла на планиската јаребика беше толку голема што се сметаше дека оваа област која се наоѓа 2 км од населбата Кинглејк никогаш нема да може да се опорави. Но, природата пополека се опоравува и националниот парк повторно стана дом на здрави билки и животни. „По десет години повеќето од уништените дрва се срушија, а некои внимателно се исечени за да може да се исчисти теренот и повторно да се отвори оваа област” – изјави чуварот на паркот Тони Фиџералд. Тој изјави дека погледот на природата која се опоравува е голема утеха за заедницата.
„Беше прекрасно да се гледа и да се дава поддршка на природата во тоа што го прави најдобро – да расте и да се прилагодува. Вегетацијата сега е богата и разновидна, а се вратија птиците и другите животни.”
Патеката привремено ќе биде позната под името Jehosaphat Gully Walking Track, а подоцна ќе добие и ново службено име.