Повторно отворање на меѓународните граници

Меѓународните летови повторно ќе се вратат во Викторија, шест недели по нивата забрана поради појава на коронавирусот во хотел за карантин.

Првиот авион се очекува да пристигне оваа седмица. Заменикот премиер Џејмс Мерлино вели дека меѓународните летови ќе се вратат на 8 април со ограничување на 800 лица неделно пред бројот да се зголеми на 1.120 лица неделно, од 15 април, зависно од капацитетите и завршувањето на работите на системот за вентилација кои треба да се спроведат во хотелите за карантин.
Мерлино изјави дека државниот систем за карантин е зајакнат. „Превземавме потребни чекори и земавме доволно време да направиме најригорозен можен систем за карантин и да се заштитиме од високо ризични соеви кои брзо се шират и мутираат. Предизвикот кој доаѓа со овој вирис е тоа што тој уште некое време ќе биде со нас и поради тоа направивме промени за граѓаните на Викторија да имаат сигурност” – вели тој.
Викторија забележа 29 денови од последниот случај на локален пренос. Барањата за лична заштита се стандардизирани во сите хотели заедно со построгите процедури за примопредавање на смените и новиот интернет систем за полесно контактирање и мапирање на вработените и нивните домаќинства.
Тестирањето на гостите на хотелите ќе биде зголемено од еден на два до четири пати за време на престојот во хотелскиот карантин со препорачани дополнителни тестирања после карантинот.
Заменикот на главниот доктор во Викторија Allan Cheng вели дека речиси 90% од сите вработени во хотелските карантини се вакцинирани, што е само еден од факторите кои допринесуваат за повторно воспоставување на безбедни летови.

Останати вести