Според последните информации кои доаѓаат од САД, НБА лигата ќе продолжи и ќе се игра во летниот период. Тоа е планот на првите луѓе на најдобрата кошаркарска лига во светот.
Секако дека ќе се игра без публика. Уште не се знае за форматот и точниот датум кога ќе тргне НБА лигата, но фактот дека драфтот е поместен за август – септември, се толкува како јасен знак дека ова лето кошарка ќе има. Се чека само одговорот на Адам Сливер, првиот човек на НБА. Барем такви се најновите најави од САД.
Инаку планот за следната сезона е следен. Таа би требало да почне во декември оваа година, а да заврши во август 2021 година. Ако навистина се игра во тој период, тогаш и повеќе од јасно е дека нема да има НБА кошаркари на ИО во Токио 2021 година, се разбира дека ако тие се одржат следното лето.
Ова ќе биде голем удар за Србија, која не ќе може да смета на своите најдобри кошаркарки ниту во квалификациите, како на пример на Јокиќ, Богдановиќ, Бјелица, Марјановиќ, Гудуриќ. Но и другите селекции не ќе може да сметаат на своите кошаркари од НБА.