Директорот Џеват Исени со огнено оружје врти оро на свадба: Овој пиштол не е пиштол!?

Другарчето на Заев направи белја. Кого тој мавтосува? Се носело пиштол што не е пиштол на свадба, па да му се смеат!? Надлежните мора да реагираат и соодветно да го казнат

Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени (кадар на СДСМ), се појави на скандалозна снимка на која се гледа како на свадбена веселба отворено носи пиштол со футрола на појасот.

Снимката што ја објави телевизијата “Канал 5” тој ја споделил самиот на социјалните мрежи и на неа јасно се гледа пиштолот, иако според закон забрането е носење на огнено оружје на јавно место.
Џеват Исени тврди дека пиштолот што го носел на појасот на свадбена веселба бил гасен пиштол.
„По објавата на Канал 5 демантирам дека пиштолов е тоа што тие мислат. Тоа е гасен пиштол, кој е само сигнален. Поседувам и уредна дозвола”, порача Исени.

СВР Тетово апелира да не се користи оружје на свадбите

Со оглед на тоа што овој период има многу свадби, Секторот за внатрешни работи Тетово упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби.
“Од средината на јуни и во текот на следните два месеци на поширокото Полошко подрачје се организираат голем број на свадби и други семејни веселби. Во минатото ваквите веселби се карактеризираа со нарушување на јавниот ред и мир, во поголемиот број случаи со употреба на огнено оружје или со нелегално организирање на огномети и употреба на разни видови на пиротехнички средства. Резултат на тоа беа повеќе повредени лица и оштетени возила и друг имот”, се вели во апелот на СВР Тетово.
Од таму соопштуваат дека во периодот што следи ќе има зајакнати контролните активностите со цел да се превенираат и санкционираат ваквите појави
Напоменуваат дека пукањето со огнено оружје е спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и оти глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.
– Освен ова, во зависност од последиците, пукањето може да се смета и како кривично дело „предизвикување општа опасност” за кое е предвидена затворска казна од една до пет години, се потенцира во апелот.
На граѓаните им посочуваат дека и организирањето огномети треба да се пријавува во полициска станица во реонот каде што ќе се организира.

Останати вести