Полицијата ја пофали работата на пабовите во Квинсленд

Угостителската индустрија на Квинсленд беше присилена брзо да се прилагоди на новите плановите за викендите поради новото правило „без стоење”, но полицијата го пофали нивниот труд. Главниот доктор на Квинсленд уште минатиот петок најави дека сите посетители на лиценцираните простори за точење алкохол мораат да седат во секој момент освен кога нарачуваат пијалок.

Хотелиерите и другите делови на угостителската индустрија беа изненадени колку брзо ова ново правило беше спроведено, но заменикот началникот на полицијата Steve Gollschw­ewski вели дека постојат добри причини за воведување на новите правила. „Сакаме да бидеме сигурни дека до најмала можна мера сме го свеле ризикот од враќање на КОВИД – 19 во Квинсленд” – рече тој.
„Проверивме 958 локали ширум државата. Општо говорејќи, луѓето се придржуваа до правилата. Моравме да издадеме службено предупредување само за неколку места кои и понатаму мораат да работат на тоа да не останат рамнодушни кон целата ситуација, но, вкупно гледано, луѓето се држеа до правилата” Gollschwewski ги пофали и оние локали кои „на забавен начин” го спроведувале социјалното дистанцирање.
„Видов така наречена полиција за забава и стап за дистанца… на сите им е јасно што се обидуваме да постигнеме. Токму од таа причина можете да не видите на терен, со тоа и ќе продолжиме” – вели тој.
Сопственикот на хотелот Caxton, Ross Farquhar вели дека објавата на новите правила стигнала без најава. „Таа вечер се играше натпреварот на Broncos што целата работа ја направи тешка за спроведување, но успеавме. Угостителите се навикнаа на промени, но можеби не така брзи, моравме да извадиме многу стар мебел (за да се увериме дека сите ќе можат да седат)… моравме луѓето неколку пати да ги замолиме да седнат, но успеавме. Сега сме рекордери во танц на столици” – вели тој.

Останати вести