Англо – австралискиот рударски џин Рио Тинто го продава својот австралиски рудник за само еден австралиски долар, што е помалку од цена на кафе во кафуле.
Компанијата најави дека е во преговори во австрилската рударска компанија Terracom со која заеднички го поседуват рудникот Blair Athol. Од рудникот се вади висококалоричен камен јаглен, која најголема цена од 180 долари, поставена во 2008 година, падна на денешните 50 долари. Цената од еден долар не е куриозитет во рударската индустрија. Минатата година бразилскиот Вале и јапонскиот Сумитомо за истата цена го продадоа рудникот Isaac Plains во Квинсланд, кој пред три години вредеше $600 милиони.