Палијативната нега им помага на лица со неизлечлива болест да го имаат најдобриот можен квалитет на живот.
Таа им е достапна на сите – од било која возраст, раса, култура, потекло или вера, и повеќето услуги се бесплатни.
Во зависност од вашите потреби, палијативната нега може да вклучува:
Ако изберете палијативна нега, тогаш можете да зборувате за вашите лични потреби, да поставувате прашања и да барате одредени работи за да ја добивате најдобрата можна нега.
При користењето на палијативна нега, заболеното лице и неговото/нејзиното семејство секогаш го имаат последниот збор при донесување на одлуки за неговото/нејзиното здравје, медицинските третмани и благосостојба.
Палијативната нега не значи крај
Палијативна нега можете да користите во било кое време додека боледувате, таа не е наменета само за лицата кои се при крај од животот. Ако користите палијативна нега, тоа не значи дека надежта е изгубена, дека сте се ‘откажале од животот’ или дека вашите семејства не се грижат за вас. Можете да продолжите со лекувањето додека истовремено добивате палијативна нега.
Можете да користите природни терапии (пр.,масажа, акупунктура) или традиционални лекарства и палијативна нега во исто време.
Кој може да биде вклучен во давање на палијативна нега?
Во тимот за палијативна нега можат да бидат вклучени вашиот доктор, доктори специјалисти, специјализирани медицински сестри, физиотерапевти, верски или духовни советници и други лица.
Каде можам да добивам нега?
Во зависност од вашите потреби и други фактори, можете да добивате нега во вашиот дом, во општа болница, одделение или болница за тешко болни лица, или во други установи за нега (пр., старски дом). Негата во општа болница или болница за тешко болни лица обично е краткотрајна и е наменета да се намалат вашите симптоми и болка за да можете да се вратите дома, ако тоа е можно.
Дали треба да платам за негата?
Повеќето услуги се бесплатни, меѓутоа можеби ќе треба да се плати за опрема или лекарства. Распрашајте се во локалната служба за палијативна нега за да знаете дали ќе има трошоци.
Како може службата за палијативна нега да му даде поддршка на моето семејство да се грижи за мене?
Палијативната нега исто така му помага на вашето семејство кое се грижи за вас. Помошта може да вклучува:
Што да направам ако сакам да зборувам на мојот јазик?
Ако се чувствувате подобро кога зборувате на вашиот јазик, известете ги за тоа во службата што ви нуди палијативна нега. Во повеќе случаи, може да се организира бесплатен преведувач.
Каде можам да добијам повеќе информации?
За повеќе информации, можете да зборувате со:
• Вашиот доктор
• Вашата локална служба за палијативна нега
Исто така, можете да се јавите во Palliative Care Victoria (Палијативна нега на Викторија) за да добиете повеќе информации или за да ви помогнат да ја најдете локалната служба за палијативна нега. Бесплатен повик на 1800 660 055 или 03 9662 9644 (9 ч. наутро – 5 ч. попладне, од понеделник до петок)