Паника во Словенија: Австријците им ја купуваат земјата

Фармерите на Помурската област ја повикуваат владата да ги заштити, бидејќи не можат да се натпреваруваат со побогатите Австријци, па остануваат без земја.

Австриското купување на словенечката земја дол границата веќе го истакна поранешниот министер за земјоделство Дејан Жидан, а сега за опасноста дека домашните земјоделци ќе останат без земја, предупредува и новата министерка Александра Пивец.

Според зборовите на претседателот на Помурската земјоделско-шумарска комора Франц Кучан, Австријците се повеќе се заинтересирани за словенечкото земјиште, бидејќи кај нив нивите се неколку пати поскапи.

Бидејќи сите купувачи се еднакви пред законот, Австријците имаат голема предност, објаснува Кучан.

„Во Австрија земјоделецот во осум наутро оди до својата банка и веќе во два попладне има на располагање милион евра поволен кредит, додека во Словенија се влечат постапките за добивање на кредит”.

Останати вести