Поглаварот на Римокатоличката црква Франциско минатиот вторникот призна дека свештениците и бискупите сексуално ги злоупотребувале калуѓерките и се обврза да стави крај на сексуалната злоуотреба.
Папата Франциско чие папство е обележано со напорите да ја смири глобалната криза поради сексуалната злоупотреба на деца од страна на католичкото свештенство, рече дека е посветен и на запирањето на злоупотребата на калуѓерките од страна на свештениците и бискупите, од кои некои ги користеле жените како секс робинки.
„Точно е… имало свештеници дури и бискупи што го правеле тоа”, рече папата одговарајќи на новинарско прашање во авионот со кој се враќаше од посетата на Абу Даби, додавајќи „Мислам дека си уште се случува, бидејќи нешто не запира само затоа што сте станале свесни за тоа”, рече Франциско, пренесе Ројтерс.
Папата рече дека Ватикан веќе извесно време се занимава со тоа прашање.
„Суспендиравме неколку свештеници токму поради тоа”, рече Франциско, додавајќи дека Црквата не смее „да се крие порекнувајќи ги овие дела”. Додаде дека Ватикан е во процес на затварање на женски ред поради сексуална злоупотреба и корупција. Без да го именува.
„Дали треба уште повеќе да направиме против тоа? Да. Дали имаме волја за тоа? Имаме”, изјави папата на крајот од неговата посета на Обединетите Арапски Емирати.
„Папата Бенедикт беше доволно храбар да укине цел женски ред поради ропство во кое влегувале жените во тој ред, ропство кое одело се до сексуално ропство, и тоа од страна на свештениците или самиот основач на редот”, изјави папата Франциско.