Парадата за Денот на Австралија: Гордо ја претставуваа Македонската заедница во Австралија

Во саботата, на 26 јануари,  се  прославуваше Денот на Австралија по традиционално со масовни манифестации организирани од градските општини, со музика, игри и забава и неизбежните домашни скари.

На традиционалната мултикултурна парада во центарот на градот за Денот на Австралија, и оваа година имаше свое присуство нашата заедница преку Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија, а во поворката беа вклучени поединци од заедницата.

Нашите претставници со знамињата од кутлеш и едно официјално знаме на  Македонија гордо маршираа по улицата Свонсон пред многубројниот народ што ја следеше церемонијата.

Останати вести