Австралија им нуди неколку опции за виза на оние чиј што вереник, сопружник или де факто партнер е Австралиски државјанин, постојан жител на Австралија или пак државјанин на Нов Зеланд со престој во Австралија. Зависно од Вашето моментално место на живеење и Вашиот брачен статус можете да аплицирате за една од следниве опции:
Prospective Marriage Visa (subclass 300). Оваа виза е наменета за оние кои живеат надвор од Австралија и сакаат да пристигнат во Австралија со цел за да стапат во брак со својот вереник. Со оваа виза добивате престој во Австралија од 9 месеци во кои треба да стапите во брак за да можете потоа да аплицирате за Partner Visa (subclassess 820 and 801) и да го продолжите својот престој во Австралија.
Partner (Provisional) visa (subclass 309) е наменета за оние кои живеат надвор од Австралија и веќе се во брак или де факто врска со Австралиски државјанин, постојан жител на Австралија или државјанин на Нов Зеланд со престој во Австралија. Се работи за привремена виза која е како прв чекор и за околу 2 години по нејзиното одобрување доколку бракот опстои води до наредната виза за постојан престој Partner visa (subclass 100). За да може да биде одобрена Партнер визата (подкласа 309) апликантот мора да е надвор од Австралија. За разлика од тоа Партнер визата (подкласа 100) може да биде одобрена без разлика на тоа дали апликантот е надвор или во Австралија.
Partner visa (subclass 820) е наменета за оние кои веќе се во брак или де факто врска со Австралиски државјанин, постојан жител на Австралија или државјанин на Нов Зеланд со престој во Австралија. Во моментот на поднесување на апликацијата за овој тип на Партнер виза како и во моментот кога визата ќе биде одобрена апликантот мора да престојува внатре во Австралија. Оваа подкласа на Партнер виза е привремена и за околу 2 години по нејзиното одобрување доколку бракот опстои води до наредната виза за постојан престој Partner visa (subclass 801).
Без разлика за која подкласа на Партнер виза би аплицирале, важен дел од виза апликацијата е докажувањето на вистинитоста на врската со Вашиот партнер. Во овој поглед потребни се изјави од двајцата партнери во кои тие би објасниле како започнала и се развивала нивната врска. Исто така потребни се и изјави од сведоци кои ќе ја потврдат веродостојноста на врската помеѓу апликантот и неговиот партнер од Австралија.
Особено доколку станува збор за веќе склучен брак или де факто врска од апликантот се очекува да достави документи со кои ќе се покаже финансискиот аспект на врската (споделување на финансии и/или имот меѓу партнерите), документи со кои ќе се покаже дека партнерите ги споделуваат обврските во домаќинството како и документи со кои ќе се докаже дека другите (семејството, пријателите и др.) ги познаваат како брачен пар или де факто партнери.
Апликантот ќе се смета дека е во де факто врска со својот партнер од Австралија доколку немаат стапено во брак еден со друг, докажат дека живеат заедно најмалку 12 месеци и докажат дека нивната врска е вистинита и ќе продолжи да опстојува. Исто така потребно е и двајцата партнери да се на возраст од 18 години или повеќе во моментот на поднесување на апликацијата за Партнер виза на де факто основа.
За повеќе информации можете да се јавите кај Милана Змејкоски во MZ Migration Services на моб: 0414 978 812.