Партнерката на Џулијан Асанж го моли Трамп да го помилува

Партнерката на основачот на Викиликс Џулијан Асанж апелираше во твитер порака упатена, на Денот на благодарноста, до американскиот претседател Доналд Трамп да го помилува.

Асанж американски обвинители го обвинија по 17 точки за шпионажа и една точка за злоупотреба на компјутери за објавувањето на американските воени документи преку Викиликс пред десет години. За тие обвинувања може да добие вкупно 175 години затвор.
Стела Морис со пораката на Твитер објави фотографија од нивните две мали деца и напиша: „Ова се синовите на Џулијан Макс и Габриел. Потребен им е татко. На нашето семејство му е потребно да биде повторно цело. Ве молам вратете го дома пред Божиќ”.
Четириесет и деветгодишниот Асанж се наоѓа во високо обезбедуваниот британски затвор Белмарш додека ја чека одлуката на судот за тоа дали може да ѝ биде екстрадиран на Америка за таму да одговара на обвинувањата за шпионажа.
Морис кажа дека тој повеќе од една недела е изолиран во својата ќелија поради избивање на жариште на коронавирусот во неговиот затворски блок.
Асанж пред четири недели присуствуваше на рочиште за екстрадицијата во Централниот кривичен суд во Лондон во септември и октомври. Судијката во тој случај кажа дека ќе ја објави одлуката на 4 јануари.
Одбраната на Асанж наведува дека тој е новинар и дека има права на заштита според Првиот амандман протечените документи кои го открија криминалното дејствување на американската војска во Ирак и Авганистан. Тие наведуваат и дека условите со кои би се соочил во американски затвор претставуваат кршење на неговите човекови права.
Асанж избега додека беше условно пуштен во 2012 и побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде мина седум години пред да биде исфрлен и веднаш потоа уапсен во Лондон. Се наоѓа во затвор од април 2019.

Останати вести