Македонскиот активист Павле Филипов Воскопулос од Лерин им порача на Македонците смиреност

Во на Широк Сокак се сретнавме со нашиот Македонски активист Павле Воскопулос Филипов. Темата што е најактуелна во Македонија и Грција беше причина за разговарот и не интересираше какво мислење има тој околу одредницата Република Северна Македонија?

Павле во релаксираниот разговор меѓу другото рече:
– Jас слободно можам да кажам дека сум задоволен од она што владата на Република Македонија и експертите го постигнаа. Македонија го задржа името Македонија, македонскиот јазик, потеклото македонско, идентитетот и никој не може тоа да го негира. Конечно и Грците признаа дека Македонскиот јазик постои. Нема потреба да се нарекуваме предавници помеѓу нас Македонците. Жално е да се делиме на патриоти и предавници. Јас не гледам ништо трагично во името Република Северна Македонија. Па нели бевме Народна Република Македонија и потоа Социалистичка Република Македонија, но сепак останавме Македонци и го зборувавме македонскиот јазик до ден денес. Ако се вратиме назад во 1991 и 2001 тогаш Грците не сакаа да слушнат за никакво име што содржи Македонија ни најмалку Северна или Горна Македонија. Денес Грците не можат да се смират за одредницата Република Северна Македонија. Јас сум оптимист дека државата ќе појде по патеките на вредностите на Европа и светот, рече Павле Филипов Воскопулос.

Стефан Горгиевски

Останати вести