Во јануари и февруари маркетот беше добар и цените одеа нагоре, но сега се соочуваме со друга реалност поради глобалната пандемија и рестриктивните мерки што се воведоа за спречување на заразата со корона вирусот
Вонредната состојба и рестриктивните мерки кои владата на Австралија ги воведе за да го сопре ширењето на коронавирусот, веќе зададоа силен удар на економијата. Државните власти соопштија дека последиците се мерат во десетици милијарди долари и речиси милион загубени работни места. За сега. Проценките на многу експерти се дека ситуација допрва ќе се влошува на сите полиња, па исклучок не е ни пазарот на недвижности, кој претставува една од најзначајните и најпрофитабилните гранки на економијата.
Што не чека во следниот период по тој план, предвидува искусниот агент за недвижности во Мелбурн од Love & Co од Томастаун, нашиот незаменлив Илија Менкиновски, чии проценки се дека ќе има главно искушение после септември.
Сегашниот застој е вештачки и директно е поврзан со мерките што ги воведе владата од Канбера.
Се шпекулира дека има 1 милион кредити под висок стрес што имаат шест месеци пауза, а после тој меден месец банките ќе ги бараат парите со интерес. Државни мерки со карантинот и само изолацијата создадоа зголемена невработеност и економијата е во застој.
Цените на куќите се зависни од основниот однос на понуда на маркетот и побарувачка, ако има повеќе куќи од купувачи јасно е дека цените ќе паднат.
Така што не можеме да го споредиме овој пад со претходни рецесии, бидејки е предизвикан со мерките од Владата и природата не е иста. Обично рецесиите се случуваат после долго време на слаба економија, а не вака буквално преку ноќ.
„Вистинските размери на овој економски шок допрва ни претстојат. Ова е само почеток, што укажува на тоа оти не чека многу неизвесна ситуација. Нема да биде лесно” – вели Илија.
Пазарот на недвижности како важен дел од австралиската економија веќе почнува да ги чувствува потресите. „Луѓето се во шок, се вовлече и стравот и никој не знае како да реагира. Иако банкарските камати на кредитите се најниски во последните половина век, пазарот на недвижности е заспорен, покрај тоа што можат да се слушнат и поединечни мислења дека и баш и не е така. Вистината сепак е поинаква. Вредноста на недвижностите на пазарот за помалку од два месеци од кризата веќе падна за пет отсто, а во некои делови на земјата и од осум проценти. Најлошо од се е што тука не е крајот, цените ќе продолжат да паѓаат и во втората половина на годината„ – смета Илија. Се разбира ќе има места каде ќе има и понатаму раст или стабилност на цените. Австралија е голем пазар за недвижности.
Многумина кои имаат инвестиции во недвижности или планираат да купат куќа или стан сега се во дилема што да прават.
„За оние што имаат куќа сега е момент да се продава затоа што недвижностите се уште не загубиле многу од вредноста. Се очекува во втората половина на годината цените да паднат од 10 до 15 отсто, а во 2021 година ќе продолжат да стагнираат. Последиците од растот на стапката на невработеност и затворањето на голем број бизниси допрва ќе почнат да се чувствуваат и за некои шест месеци може да дојде до особено голем раст на понудите на пазарот, кога луѓето ќе увидат дека економската криза навистина станала голема. А кога понудата на куќи станови ќе расте, така и цените ќе паѓаат. Во Австралија веќе видовме два застои како и Светската Економска криза (GFC) во 2008 година” – предвидува Илија Менконовски.
Кога зборуваме за голем пад од минатото, познатиот агент потсетува пред се на 1989/1990 година кога Австралија последен пат беше во рецесија.
„Тогаш вредноста на недвижностите за само четири месеци падна за 25 отсто, и сега може да биде слично. Погледнете само каква е ситуацијата на пазарот на работни места. Според официјалните податоци веќе имаме невработеност од 10 отсто, иако постојат мислења дека вистинските податоци се и полоши без Job Keeper и Job Sеекеr. Доволно е да се види оти над два милиони компании и околу милион самостојни приватници веќе се пријавиле за стимулативни пакети на Австралиската влада. Тоа се многу големи бројки. Исто така, треба да се има на ум дека задолжувањето на граѓаните само кај четирите најсилни банки е поголемо од $1.6 трилиони долари. Кога се знае дека стотици илјади граѓани и пред кризата имаа потешкотии да ги исплатат стамбените кредити, а невработеноста сега вртоглаво расте, јасно е дека многумина ќе ги фати паника и ќе почнат да ги продаваат своите недвижности. Значи, се укажува на тоа дека сега е најпаметно да се излезе на пазарот пред тој бран и што порано да се продадат недвижностите, затоа што чекањето само ќе доведе до голем пад на вредноста што ќе значи и огромни загуби за сопствениците” – предвидува Илија Менкиновски.
Од вакво незапаметено „заклучување” на економијата, пазарот на недвижности кој инаку допринесува во економијата со десетици милијарди долари, ќе треба извесно време за да се опорави.
„По големиот пад следува така наречено плато, односно мирување на пазарот. Дури потоа вредноста на недвижностите ќе може да тргне нагоре, но тоа нема да се случи така брзо. Во најдобар случај за неколку години австралискиот пазар би можел да тргне на пат кон враќање на нивото кое со години го имавме” – предвидува Менкиновски со напомена дека поскапите недвижности во следниот период ќе доживеат поголем пад, додека поевтините куќи и станови помалку ќе загубат од вредноста.
За повеќе информации и проценка на вредноста на вашиот имот можете да се јавите кај Илија на моб: 0417 528 100.