Тренерот Пеце Стоевски немоќен да го запре матниот Вардар

Прва лига на Викторија, 20. коло

Алтона Вардар – Саншајн Џорџ Крос 1-3 (0-2)

По загубената втора позиција се намали и желбата за влегување во Премиер лигата на Викторија. Екипата на Вардар не можеше  да се препознае на зеленото поле, прими три гола и  е среќна што не прими и повеќе. Саншајн Џорџ Крос заслужено ги однесе трите бода и сега има големи шанси да се врати во Премиер лигата на Викторија. Од самиот почеток на играта се виде дека гостите беа тие што ја посакуваа победата повеќе од Вардарци кои беа загубени на самата средина на теренот но и во одбраната делуваа збунето и споро и затоа примија три гола. Првиот гол падна во 35 минута на натпреварот,  кога гостите ја матираа одбраната и голманот на Вардар, само две минути подоцна во 37 минута веќе беше 0-2 за гостите. Се отиде на одмор со два гола предност за гостите.

Второто полувреме беше слично како и првото а гостите го диктираа темпото во текот на целиот натпревар, но сепак Вардар  го постигна утешниот  гол во 73 минута кога Пеце Сивевски од убаво изведениот корнер  топката ја пласира во  мрежата.

Во 85 минута гостите го постигнаа и третиот гол што беше конечниот резултат и им донесе три бода со што тие се поблиску за влегување во елитното друштво на Премиер лигата на Викторија.

Тренерот Пеце Стоевски сигурно е разочаран од поразот и  од слабата игра на неговите момчиња. Се обидовме да зборуваме на телефон но како и обично сите тренери и директори кога губат не се јавуваат на нашите повици. Следниот викенд Вардарци одмараат.

Во недела, на 15 септември, Алтона Маџик Вардар игра на теренот на Сент Албанс Сентс со почеток во 15:00 часот.

Останати вести