Конзервативците протестираа против исламот и ја поддржаа германска Pegida

Шест австралиски кон­зервативни групации протестираа во саботата во престолнината Канбера против исламот и му дадоа поддршка на германското граѓанско движење Pegida (Родољубиви Европејци против исламизацијата на Западот), кое беше покренато пред повеќе од една година во источногерманскиот град Дрезден. 

„Дојдов овде како поединец против исламизацијата на Австралија и на Западот. Им посакуваме добредојде на сите луѓе сé додека се подготвени да се асимилираат, но во последно време гледам застрашувачко влијание на исламот во австралиската култура”, вели еден од демонстрантите пред Парламентот во Канбера, 72-годишниот Брајан Донели, пренесува агенцијата DPA. Според него, ова е првиот политички собир на кој се појавил, а на кој според процените на австралиските медиуми имало само 400 луѓе. „Ние не сме расисти. Исламот не е раса, тоа е назадна антизападна политичка идеологија којашто ги мрази нашите демократски вредности”, додава. Организаторот на собирот, Џон Болтон, изјави дека шест групации се јавиле на овој прв ваков настан во Австралија, чија цел е да ѝ се даде поддршка на Pegida во Германија.
– Во Австралија нема место за исламот кој овозможува да ја удрите својата сопруга или да ожените шестгодишно девојче. Тоа е тоталитарна идеологија. Ние ја контролираме границата, но ја губиме внатрешната битка. Овде се склучуваат бракови со деца и се спроведува сакатење на женските гениталии. Тоа не е Австралија каква што ја посакувам, истакна Болтон.

Останати вести