Пенс го повика Косово да го ратификува договорот со Црна Гора

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, го повика Косово да го ратификува договорот за демаркација на границата со Црна Гора, соопшти Белата куќа по средбата на Пенс со косовскиот претседател Хашим Тачи.

„Пенс денеска го прими Тачи за да ја потврди американската поддршка за суверено, демократско и просперитетно Косово”, соопшти Белата куќа.
Пенс рекол дека го цени лидерството на Тачи, кој заедно со српскиот претседател, Александар Вучиќ, придонел за унапредување на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската Унија. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека соговорниците се согласиле дека постои потреба за продолжување на реформите со цел да се зајакне владеењето на правото, да продолжи борбата против корупцијата и да се поттикне економскиот раст.

Останати вести