И покрај 25 годишниот задолжителен доприност за суперпензиските фондови за вработените, неверојатен процент од околу 80 одсто луѓе кои одат во пензија, барем во еден дел зависат од социјалната надокнада.
Според резултатите на последното истражување, секој петти пензионер прима старосна пензија или некоја друга социјална принадлежност, покрај (недоволни за живот) средства што ги поседува во пензискиот фонд.
Исто така, речиси половина од постарата популација е соочена со големи заостанувања во моментот кога ќе престанат да работат, затоа што во фондот имаат помалку од 100,000 долари. До овие аларманти податоци дојде финансиската компанија MLC. Тие велат дека 43 одсто од Австралијците од 50 до 70 години имаат помалку од 100,000 да распределат за живот кои им преостанува по повлекувањето од работа.
Финансиските екперти, покрај таквата ситуација, сметаат дека за оние кои се пред пензионирање се уште не е доцна да ги проценат своите суперфондови пред конечно да престанат да работат. За тоа дека голем процент од нив за време на пензионерските денови многу ќе зависат од фондовите на Центрелинк, говори и истражувањето кое опфати 1,000 Австралијци стари од 50 до 70 години.
Анкетирани се оние кои на пензинските штедни сметки имаат од нула до милион долари. Резултат: третина (33 одсто) од нив имаат помалку од $50,000. Според официјалните податоци, околу милион пензионери имаат меѓу 10,000 и 50,000 долари заштеда, додека 1,4 милиони имаат помалку и од тоа. Колку е тоа малку за пензионерските денови говори и споредбата со износот „препорачен” за заминување во пензија – тој е неспоредливо поголем: $545,000 за самци пензионери за да живеат комотно, а $640,000 за двојки. Претставничката на MLC, Lara Burginjon вели дека минусот кој се јавува меѓу потребата и оствареното штедење е резулатат на фактот дека обврската за суперпензиски фонд за работници е на сила само 25 години.
„Станува збор за генерација која гарантираниот допринос за пензија не го добивала во текот на целиот свој работен стаж, така што и се очекуваше дека конечниот износ ќе им биде помал” – вели таа.
Таа смета дека за Австралиците од животна важност е да знаат каде да ја инвестираат својата заштеда за пензија и да побараат совети како да им се зголеми инвестицијата.
Анализите исто така покажуваат дека повеќето луѓе со скромна заштеда, одлучуваат своите пари да ги чуваат на орочени банкарски сметки од каде добиваат ниски камати, наместо да ги вложат во пензиски фонд и парите таму да бидат инвестирани. Според соопштените анализи од Здружението на суперпензиски фондови на Австралија, за двојките на возраст од околу 65 години денес да живеат со пристојна пенизија, потребно е да имаат на располагање за трошење околу $40,060 годишно, додека на оние кои живеат сами потребно им е $25,000. Во најголем ризик дека пензинската заштеда нема ни од далеку да им биде доволна за живот се луѓето кои немаат свои куќи, туку плаќаат кирија, особено ако се сами. Половина до двојките кои плаќаат кирија имаат имот помал од 400,000, додека кај самците, половина од нив имаат помалку од 224,000.
Како да се поправи фондот?
Вработени во 20-те години: Проверете дали работодавачот плаќа супердопринос од 9.5 проценти од вашата плата (ако заработувате над 450 долари месечно од еден работодавач или имате право на загарантирана плата). Проверете ги загубените пензиски уплати и преконтролирајте дали сте осигурани низ ова издвојување.
Вработени во 30-те години: Погрижете се сите супердоприноси да одат на една сметка – така се штеди на давачки. Проверете го осигурувањето, како и доприносите, особено ако имате семејство.
Вработени во 40-те години: Анализирајте ги можностите за инвестирање од суперите – побарајте совет за роковите кои одговараат на вашиот работен век, како и за ризиците и прогнозите за пораст на вашата заштеда.
Вработени во 50-те години: Продолжете со штедење во суперфондот, искористете ја можноста од своите примања сами да вложувате во него, така ќе имате и даночни олеснувања.
Вработени во 60-те години: Време е да пресметате колку ќе имате на располагање од сопствениот пензински фонд кога ќе се пензионирате.
Сите возрасти: Суперфондот се ваши пари, погрижете се се да ви е уплатено и водите документација за тоа.