Пензионерската група Кингс Парк од Сент Албанс заедно го прославија Велигден, Ѓурѓовден и Денот на мајката. Околу стотина пензионери, членови на оваа група, како и други гости кои беа поканети од претседателот на групата Илија Јошевски-Мечето се забавуваа, дружеа, имаше песни и ора, за кои беше задолжен диск-џокејот Горан, како и вкусна вечера подготвена од Фереро рецепција.
Исто така имаше и богата лотарија, колачи, мезалоци, со еден збор тоа беше пријатна вечер, уште едно социјално дружење на Македонците. Не изостана ни велгденското кршење на јајцата, а на мајките претседателот Јошевски им го честиташе и нивниот свечен ден.
Текст и фото:
Трајче Бошковски

