Во свет во кој војните и одземањето на територии почнувале поради банални работи, како бајка или виц, одекна вест дека Перу решил да и отстапи на соседна Боливија дел од своето крајбрежје, за Боливија да добие излез на отворено море.
Претседателот на Перу, Алан Гарсија, и неговиот боливиски колега Ево Моралес потпишаа спогодба со која Боливија добива право на изградба и управување со мало пристаниште, десетина километри јужно од перуанското пристаниште Ило.
„Ова е почеток на остварување на сонот Боливија повторно да стане поморска земја”, изјави Моралес, потсетувајќи дека неговата земја некогаш имала море, но го загубила во војните на Пацификот од 1879 до 1884 година.
„Неправедно е Боливија да нема излез на отворено море, ова, исто така, е боливиски океан”, продолжи Гарсија. Интересно е дека досегашниот социјалист Моралес и прокапиталистички ориентираниот Гарсија немаа убави зборови еден за друг, но работите се сменија. Двајцата претседатели би сакале да им се придружи и Чиле, која засега одбива да ги врати одамна освоените територии.